Три години и еден месец затвор доби сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски. Кривичниот суд денеска ја одреди оваа казна откако Стаменковски го прогласи за виновен за пет кривични дела.
Судот му изрече и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела односно забрана да врши регистрација на домеин на портал за време од 10 години сметано од време на правосилност на пресудата.
Освен затворската казна, тој треба да плати и 5.000 евра, односно 250 дневни глоби.
Стаменковски е прогласен виновен за две кривични дела ширење расистички и ксенофобичен материјал и едно дело: уцена, пиратерија на аудивизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.
Пресудата не е правосилна и Стаменковски и обвинителството имаат право на жалба до Апелацискиот суд Скопје.