Нов јавен повик за враќање на приватните превозници во јавниот превоз

Сподели

 

Нов јавен повик за враќање на приватните превозници во јавниот превоз објави денес Град Скопје.

На првите два повици немало пријавени, а како што информираат од Градот, третиот повик е пропаднат поради нецелосна документација на подносителите на апликациите.

-Подносителите на апликациите имаа нецелосна документација. Постапката е во тек, и се надеваме дека набрзо ќе биде успешно спроведена, за што ќе бидете навремено известени, велат од Град Скопје.

На веб-страницата на Градот денеска беше објавен нов оглас со идентични услови како и на претходниот. Огласот е отворен до 24 април.

Се бараат превозници за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овиие линии потребни ќе бидат 115 автобуси и 245 возачи.