Општина Гостивар служеше ифтар за лицата со посебни потреби, нивните родители и старатели.
На ифтар присуствуваа и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, претседателот на Советот на општина Гостивар, Валбон Лимани, како и претставници на организации и здруженија кои се грижат за лица со различни потреби.
Градоначалникот Арбен Таравари рече дека општина Гостивар заедно со организациите и здруженијата работат фантастична работа и даваат вистински пример што треба да прави секој од нас во врска алтруизмот и почитта.
За општина Гостивар лицата со различни способности и понатаму остануваат меѓу главните приоритети.