Охрид домаќин на Јубилејна 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ

Сподели

 

МВР годинава ја има честа од 8 до 10 мај, во Охрид, да биде домаќин на Јубилејна 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ – најголемата полициска организација по бројот на членство, во која членуваат 195 земји од светот.

Организирањето на конференцијата во 2023 година, доверена на Република Северна Македонија се совпаѓа со уште еден значаен јубилеј, 30 – годишнината од членувањето на нашата држава во ова глобално полициско семејство.