Унапредување на соработката меѓу Државните архиви на РС Македонија и Романија

Сподели

 

Директорот на Државниот архив д-р Емил Крстески оствари средба со амбасадорката на Романија во нашата земја, Адела Моника Аксинте, со која разменија мислења за унапредување на соработката меѓу двата Државни архива.
 
 
 
 
“На средбата стана збор за обновување на Договорот за соработка со Националниот архив на Романија, за реализирање на неколку проекти поврзани со балканската историја, како и за скорешна презентација на изложба за творештвото на Браќата Манаки, кои подолго време престојувале и работеле во Букурешт” – изјави по средбата, доректорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.