Саемот на книга со богата седумдневна програма

Сподели

 

Уживањето во светот на секоја нова книга е уникатно чувство, а скоро секогаш за љубителите на читањето се категоризира како незаменливо. Но, доживувањето и искусувањето на нова книга во рацете е нешто сосема уникатно и посебно, коешто не може целосно да се замени и спореди со читање на истиот наслов во аудио или електронски формат.

Мирисот на нова книга дефинитивно ја најавува пролетта, а со тоа и годинешното 35. издание на Меѓународниот Саем на книгата, во организација на Скопски Саем и Глобал Медиа Гроуп, а поддржан од Министерството на Култура на РСМ. Јубилејниот 35ти Саем на книгата, ќе се одржи од 4ти до 10ти мај 2023 година, во Арена – Борис Трајковски во Скопје.

„Современите технологии во ерата во којашто живееме, често се од големо значење и сè повеќе имаат предност во секојдневната комуникација, образованието и формата на читањето и впивањето на информации. Тоа е една од најглавните причини зошто мораме да  се потсетуваме постојано за давањето предност на пишаниот збор и книгата. Читањето е најздравата умствена исхрана, која што не смее да се изостави од навиките на модерното секојдневие, – особено кај помладите генерации. Затоа и 35. Меѓународен саем на книгата е значително важен настан, кој што со почеток од 4ти мај, цели 7 денови ќе биде јадро и магнет на најдобрите домашни и странски наслови. Секоја книга поседува свој универзум, а на читателите им преостанува само да се охрабрат и да ја свртат првата страница,“ изјави Даниела Глигоровска, Управител на Скопски Саем.

Саемот расте и еволуира со текот на годините и истиот обезбедува платформа за читателите и издавачите да се поврзат и да ја споделат љубовта кон истражувањето на нови содржини и нови светови.

Саемот на книга е фантастична можност да се прослави јадрото на слободата на мислата на човекот преку пишаниот збор, – книгата. Оваа година, посетителите на овој суштински културен настан, можат да очекуваат широк спектар на книги од многубројни познати, но и нови домашни и странски автори, – покривајќи жанрови и стилови во склоп на белетристика, публицистика, книги за деца и уште многу повеќе.