ФРОНТЕКС ги штити нашите граници, нашата безбедност и нашиот македонски јазик и идентитет

Сподели

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на свеченото одбележување на почетокот на „Заедничката операција на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија“, како дел од договорот за оперативни активности спроведени од страна на Aгенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС.

 

 
“Денеска присуствуваме на церемонија на официјално започнување на Заедничката операција, под закрилата на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, а во соработка со нашите припадници на полицијата, кои ја претставуваат нашата држава. Република Северна Македонија стои рамо до рамо со нашите партнери во Европската Унија. Ова е уште еден доказ за нашата цврста заложба и одреденост дека нашето место е покрај нашите европски сојузници, каде заедно ќе работиме на зачувување на меѓународниот мир и безбедност.
 
За нас ФРОНТЕКС значи заштита на нашите граници, на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава, значи навремен одговор за сите безбедносни ризици по нашата земја, но и признавање на нашите цврсти заложби за зачувување и промовирање на македонскиот јазик на нашиот евроинтеграциски пат.
 
Со успешна, заедничка работа, со заеднички сили заедно со нашите сојузници и стратешки партнери стоиме храбро пред предизвиците и одиме по патот кој нѐ води до посветла, просперитетна иднина за сите наши граѓани.