Спасовски: Нулта толеранција за секаков вид криминал, без разлика кој е сторителот

Сподели

 

“Одговорно тврдам дека ова раководство на Министерството за внатрешни работи, откако сум јас на чело на истото, има нулта толеранција за секаков вид криминал, без разлика кој е сторителот”, рече министерот Оливер Спасовски во интервјуто за Top-news.mk, одговарајќи на прашањето дали полицијата прави селекција на криминалците по национална основа.

-“И вашето прашање исправно е формулирано – во минато време, кога бевме сведоци на селективност во борбата против криминалот на роднинска, партиска, национална, верска или друга основа… Меѓутоа, пак ќе повторам, тоа време е завршено! За нас важи правилото – кој сака и од каде сака нека биде, ако згрешил пред законот и пред правдата, тој ќе одговара. Нема настан за кој полицијата не постапувала и не поднела соодветна пријава. Дека не постојат „заштитени зони“ покажавме и со редовните контроли по населените урбани или рурални места, каде МВР постапува врз основа на изготвени анализи и планови” – потенцира министерот Спасовски.