Одбележување на 120 години од смртта на Гоце Делчев

Сподели

 

Во црквата „Св. Спас“ во Скопје започна одбележувањето на 120 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев.

На одбележувањето присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски како и бројни други делегации, политички партии и граѓани.

Како дел од одбележувањето, во Собранието денеска на пладне ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за 2023 година за особено значајни остварувања од интерес за РС Македонија во областа на науката.

Според Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“, годинашни добитници на престижната државна награда се проф. д-р Нано Ружин за делото „Балкански иконографии“, проф. д-р Трифче Сандев и д-р Александар Иомин за делото „Специјални функции на фракционо сметање: Апликации на дифузија и случајно пребарување“ и д-р Александар Василевски за делото „Поствизантиски претстави на Страшниот суд од Република Северна Македонија – идејна основа, ликовни извори и иконографска анализа“.