На продолжението од 439-та седница одржана на вчера, 4. мај, за претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија е избран Сашко Георгиев-член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Судскиот совет со 8 гласа „за“ и 4 „против“ вчера го избра Сашко Георгиев за нов претседател на Судскиот совет, по разрешувањето на Весна Дамева.
Откако гласањето беше завршено, новиот претседател Сашко Георгиев се обрати кон медиумите и изјави:
-“Јас верувам во Господ, верувам во себе, во Вас, во сите колеги дека ќе има позитивни работи”, рече Георгиев.