“Ѝ предложив утрово на премиерката Ана Брнабиќ да ја вратиме смртната казна, но таа беше против, затоа што така би биле единствените со смртна казна со Белорусија во Европа. И јас некогаш бев против смртната казна, но сега се каам што имав таков став.” Ова денеска на прес-конференција го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, откако се случи второ масовно убиство за само два дена во соседна Србија.
„Имаше предлози да се направат врати во училиштата со детектор. Но, и пет такви врати во „Владислав Рибникар“ не би помогнале, оти детето го уби оној што требало да му го земе пиштолот. Со целата тага и болка, ќе мораме да продолжиме да работиме и живееме. Но, ќе мораме системски и ситематски да се менуваме. Го намаливме бројот на оружје, но тоа не е доволно. Знам дека има многу лобија кои ќе бидат против одземањето оружје, но тоа е единствено решение и баш ми е гајле што ќе каже „овој е лекар, „овој е потполковник“, „овој е сигурен“. Оти никој не е сигурен“, рече Вучиќ.
Тој рече дека вчера имало 25 интервенции на територијата на државата, поради, како што нагласи, „неодговорно и грозно однесување на младите кои го имитираат монструмот убиец“.
„Имаме уште 20 лажни пријави. Нашата полиција не може да постигне да ги уапси сите“, рече тој.
Вуќич со прекорувачки тон се обрати кон новинарите и медиумите. Тој кажа дека треба да се држат до официјалните податоци што ги објавуваат институциите за да се спречи објавата на дезинформации.
„Никој ништо не ви крие. Објавивте дека наставничката е мртва, а не е. Слушајте што кажуваат официјалните органи, а не да се тепате со полицијата за да влезете во училиштето. Што би сликате, мртви деца? Подобро да не објавите ништо, отколку да објавите непроверени вести. Двајцата монструми нема да побегнат никогаш и нема да излезат никогаш. Ќе има правда“, рече Вучиќ.
Српскиот претседател кажа дека е најважно да се спречи шиењето лаги, не само по социјалните мрежи, туку насекаде. Тој најави дека ќе се прегледуваат сите 45.000 луѓе кои на социјални мрежи кликнале дека „им се допаѓаат“ убијците.
„Сите вие на кои ви се допаѓа монструмот, ќе треба да ни објасните зошто ви се допаѓа“, им порача Вучиќ на поддржувачите.
Во однос на заштитата на децата, тој кажа дека сите стручни тимови и надлежни министерства заедно ќе работат со центрите за социјални работи. Најави дека во училиштата сега ќе има постојано полиција, оти како што кажа, секоја мајка треба да се чувствува безбедна кога детето го испраќа на училиште.
Во Србија, во два дена се случија две масовни убиства. Во првото, седмоодееленец уби деветмина, и уште толу рани со пиштол додека траела наставата во училиштето во кое учел. Синоќа, дваесет и едно годишниот У.Б. ноќеска околу полноќ уби осуммина и рани 14 лица./Мета.мк