Денеска на маргините на 50. Европска Регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР г. Сашо Тасевски оствари билатерална средба со г. Сенад Јушиќ в.д генерален директор на словенечката полициіа.
На средбата, двајцата директори дискутираа за зајакнување на веќе постоечката одлична соработка помеѓу двете полиции, во рамки на борбата против криумчарење на мигранти, организираниот криминал и другите видови сериозен криминал.
На состанокот двајцата соговорници разговараа за тоа дека двете полиции учествуваат во заеднички обуки и соработката е со тенденција на продлабочување на сите нивоа. Во оваа прилика г. Тасевски изрази благодарност до г. Јушиќ за заедничките обуки меѓу Одделот за воздухопловни единици на МВР и Хеликоптерската единица на словенечката полиција, кои се одвиваат со континуирана поддршка на полициското аташе при Амбасадата на Република Словенија, Бранко Скрбинек и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски. Истотака, плакета во знак на благодарност беше доделена на г. Јушиќ.