Од понеделник, 15ти мај, заловувачкиот тим на ЈП Лајка започна со стратешко заловување во општина Гази Баба.
Тимот на заловувачи оваа недела (15-19. април) ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: кругот на фабриката Железара, Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Стајковци и останатите населени места во општината.
Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман.
Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk
Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава.