Јанкулоска побара и доби одлагање на распитот во СЈО, заради увид во доказите против неа

Сподели

14017667_1653205438327894_1951764434_n

Поранешната министерка за внатреши работи, Гордана Јанкулоска во Специјалното јавно обвинителство, каде денеска беше повикана да даде исказ, се задржа само половина час. Како што соопшти Јанкулоска, таа и нејзиниот адвокатски тим побарале одложување на распитот бидејќи, како што рече, не биле исполнети минималните услови и „процесно-правни стандарди“. Како што појасни, таа побарала да и бидат дадени на увид доказите и документите врз основа на кои е осомничена за да знае за што точно се товари.

Поранешната министерка не кажа за кој точно случај денеска била повикана даде исказ и само изјави дека станува збор за предет за кој на минатиот распит дала изјава („Тврдина“ н.з.).

Јанкулоска рече дека повикувањата на лица што сега ги прави СЈО се избрзани и се во функција на предвремените избори.

– Јас од поодамна се занимавам со политика, свесна сум дека ова што сега се случува е можеби набрзина направено од СЈО во контекст на изборите. Како што јавноста во повеќе наврати беше сведок и медиумите коментираа дека се целосно ставени во корист на кампањата на опозицијата која и покрај толку години во опозиција нема што да им понуди на граѓаните на Република Мекедонија и очигледно е дека најважна алатка за претстојните парламентарни избори останува да биде СЈО. Така, во периодот што следува очекуваме да се случуваат вакви расправи како што впрочем го најавија и самите претставници на обвинителството – рече Јанкулоска.

Одговарајќи на новинарско прашање Јанкулоска уште еднаш изјави дека не се чувствува виновна и дека не сторила некакво кривично дело и во деветте години што ја извршувала  функцијата министер за внатрешни работи работела професионално, согласно законите и Уставот и во корист на граѓаните на државата.

Јанкулоска рече дека не и недостасува министерската функција и  дека „одлично се чувствува“.

meta.mk