Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на РС Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 132 возачи.
Притоа 90 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 42 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.