Мицкоски-Орбан: Договоривме соработка за изработка на изборната програма

Сподели

 

За време на престојот во Блед (Словенија) каде се одржува Генералното собрание на Центристричката демократска интернационала (ЦДИ), лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна и со унгарскиот премиер и претседател на владејачката Фидес, Виктор Орбан, со кого договориле соработка за изборната програма за следните избори во земјава.

“Во Словенија на маргините на централниот настан на ЦДИ остварив средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската ФИДЕШ. Разговаравме за регионот и прашања поврзани во интеграциите на Македонија во ЕУ. Ја потенциравме потребата од економска соработка и борбата против корупцијата и криминалот како регионален предизвик.

Покрај со хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ Пленковиќ и со премиерот на Унгарија, Орбан договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕШ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за престојните избори.

Се заблагодарив на поддршката на Унгарија која ја добиваме во насока на остварување на стратешките интереси на Македонија “, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.