Најдобриот српски тенисер Новак Џоковиќ доживеа елиминација во четвртфиналето на Мастерсот 1000 во Рим, откако Руне беше подобар од него.
Па така Новак сега се подготвува за „операцијата“ Ролан Гарос, вториот тениски гренслем во годината.
Сепак, тој донесе малку неочекувана одлука во пресрет на турнирот во Париз.
Србинот го потврди учеството на фудбалскиот натпревар на светските ѕвезди што ќе се игра во Монако!
Натпреварот меѓу светските ѕвезди на Монако ќе собере околу 30 познати личности и спортски ѕвезди и ќе се одржи во вторник на 23 мај на Стад Луис II.
Натпреварот ќе биде за хуманитарни цели и своевидна увертира за Големата награда на Монако, која е закажана за 28 мај.
Новак ќе игра за тимот „За децата од Монте Карло“, а во него ќе бидат и светската шампионка во џет-скијање Лиза Батаља, Флавио Рома, Клод Пуел, Федерик Деу, Себастијан Перез, Грег Кампл и други.
Наспроти нив ќе биде тимот на „All Star Drivers“ предводен од Шарл Леклер, заедно со Пјер Гасли, Карлос Сајнц, Фернандо Алонсо, Себастијан Фреј…
Novak Djokovic to face off against Charles Leclerc in World Stars football match #Monaco https://t.co/NkHlCHwyE9
— Milica Milutinovic (@MilicaM84932667) May 18, 2023
,,Сакаме да им се заблагодариме на членовите, играчите, познатите личности, јавноста и спонзорите кои ни се придружија низ годините. Им благодариме за нивната помош, бидејќи можеме да продолжиме со нашите добротворни акции за собирање средства и помош на децата – изјави еден од главните луѓе од организацијата, Мауро Сера.
Интересно е што Џоковиќ тој фудбалски натпревар ќе го одигра само неколку дена пред првото коло на Ролан Гарос, кое започнува на 22 мај.
The post Неочекувана одлука на Новак пред Роланд Гарос – Итно мораше да го направи ова! first appeared on .
Powered by WPeMatico