Соработка на Сеизмолошката опсерваторија со Институтот за геофизика на Универзитетот во Бохум

Сподели

 

Во рамките на проектот „Adria Array“ за истражување на геодинамиката на Јадранската тектонска микро плоча, во Институтот за геофизика од Универзитеот во Бохум, Германија, престојуваат раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје, д-р Драгана Чених, заедно со д-р Јасмина Најдовска и д-р Катерина Дрогрешка.
 
 
 
 
 
Тие досега остварија повеќе работни средби на кои се разменети мислења и искуства за досегашните земјотресни податоци од барка ските простори и од Европа во целост.
 
Исто така, на Институтот во Бохум во тек е и едукација за имплементација на новите програми што треба да функционираат и во нашата Опсерваторија во Скопје.