Не чека спектакл! – Шампионот во бокс Фјури против шампионот на УФЦ Џон Џонс!?

Сподели

Loading

Шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури (34) откри дека добил понуда од УФЦ да се бори со Џон Џонс (35), шампионот во тешка категорија на најпознатата ММА организација.

Фјури и Џонс зборуваа за потенцијална борба на социјалните мрежи во последните неколку недели, иако не е јасно дали таа би се одржала според правилата на боксот или ММА.

Шефот на УФЦ, Дејна Вајт, се вклучи во дискусијата и јавно се понуди да биде домаќин на натпреварот.

“Веќе разговарав со Френсис Нгану претходно за хибридна борба. Сега разговараме и за хибридна борба меѓу мене и Џон Џонс. Добив понуда од УФЦ, па никогаш не знаеш што може да се случи. Иднината е секако светла, има многу опции“, рече Фјури во разговорот објавен на Твитер.

Да потсетиме, Френсис Нгану (36) на почетокот на 2023 година го напушти УФЦ во кој беше шампион, а сега е член на организацијата ПФЛ.

За потсетување, Нгану долго време се споменуваше како противник на Фјури во потенцијален меч со мешани боречки вештини со оглед на тоа што тие доаѓаат од различни борбени спортови.

The post Не чека спектакл! – Шампионот во бокс Фјури против шампионот на УФЦ Џон Џонс!? first appeared on .

Powered by WPeMatico