ВИКТОР ОРБАН: УНГАРСКИ РЕФЕРЕНДУМ СО ДОМИНО ЕФЕКТ

Сподели

Во Унгарија во октомври ќе се одржи референдум по повод квотите за прием на мигранти, а премиерот Виктор Орбан очекува дека уште најмалку три земји – Чешка, Полска и Словенија, ќе го следат примерот на земјата.

– Ако унгарскиот референдум во октомври биде успешен, тоа може да доведе до цунами на референдумите низ Европа и уште повеќе ќе ја погоди ЕУ – истакна Орбан. Тој нагласи дека намерата на референдумот е да покаже дека мнозинството од Унгарците се против бриселската бирократија.

Референдумското прашање на 2 октомври ќе гласи: Дали сакате ЕУ да има право да одлучува за населување на странски државјани во Унгарија без дозвола од парламентот?

Орбан верува дека евентуалниот успех на референдумот ќе покрене домино ефект во Европа, наведува британскиот весник „Експрес“.

– За успех на референдумот потребно е да гласаат најмалку четири милиони државјани. Очекуваме дека многу други европски земји, особено од Вишеградската група, ќе тргнат по стапките на Унгарија – заклучи Орбан.