Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска по повод големиот успех, освојувањето на Европското првенство во кошарка за средни училишта, на прием организиран во чест на младите кошаркари од средното училиште на Град Скопје “Никола Карев” им врачи парични награди и им честита за големиот успех.
Доделувајќи ги наградите таа ја истакна поддршката на Град Скопје за средноучилишниот спорт преку програми, проекти, стипендии, манифестации и активности, со кои активно се поттикнува развојот на спортот кај младите, кои со своите успеси дополнително го афирмираат градот.
Европско првенство во кошарка за средни училишта, се одржа од 11 до 16 јуни 2023 година и на истото учество земаа над 200 средношколци. Тимот на средното училиште на Град Скопје „Никола Карев“ во финалето го совлада тимот од Чешка, освојувајќи златен медал и титула Европски шампион во кошарка за средни училишта за 2023 година.