Во тек инспекциски надзор на ДСЗИ на Гинекологија, информираат Министерството за здравство.
“Во врска со случајот со родилката која скокна од прозор на УК за гинекологија, информираме дека денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор. Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана”, се вели во соопштението.