Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 189 возачи.
Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 74 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.