Драма во Хрватска – Славниот голман Ван Дер Сар замина на одмор, а заврши во болница!

Сподели

Loading

Легендарниот холандски голман Едвин Ван Дер Сар (52) итно бил префрлен со хеликоптер во болница во Сплит бидејќи му се слошило за време на одморот на Хвар, објавија хрватските медиуми.

фото: imago images

Според „Слободна Далмација“, Ван Дер Сар бил примен на интензивна нега во КБЦ Сплит, а потоа е префрлен на неврохирургија на преглед на главата.

Слободна Далмација дознава дека Холанѓанецот имал крварење во мозокот, односно дека се работи за т.н. субарахноидална хеморагија (САХ), која најчесто се јавува поради руптура на аневризмата.

Познатиот фудбалер во болница го придружувала и сопругата Анемари Ван Кестерен, која била видно вознемирена и плачела.

Според изворот на овој портал, таа преку мобилен телефон некому му објаснувала дека Едвин има проблем со главата и дека му е лошо.

Во текот на својата кариера, Ван Дер Сар бранеше за гиганти како Ајакс, Јувентус или Манчестер Јунајтед.

Собра и 130 натпревари во дресот на Холандија, а со сопругата Анемари има две деца.

The post Драма во Хрватска – Славниот голман Ван Дер Сар замина на одмор, а заврши во болница! first appeared on .

Powered by WPeMatico