Мицкоски: Уставни измени нема да има

Сподели

 

При денешната посета на Сојузот на стопански комори, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што уставните измени влегоа во собраниска процедура и кои се следните чекори на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека на координација ВМРО-ДПМНЕ ќе ги дефинира следните чекори но потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат јасен став кој што е непроменет, дека под овие услови и диктати уставни измени нема да има, а владата дополнително го усложнува процесот со тоа што дефинира текст за уставните измени кој што не е содржан во заклучоците од Советот на Европа, во  преговарачката рамка, и протоколот.

„Ќе имаме координација како ВМРО-ДПМНЕ и на таа координација ќе го договориме нашиот став. Но она што е важно е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат јасен став кој што е поврзан со овие уставни измени, уставни измени вакви какви што се под бугарски диктати на начин на кој што се доставуваат во парламентот не само што не се прифатливи, туку владата дополнително го усложнува процесот со тоа што дефинираше текст за уставните измени кој не само што не е прифатлив туку можам да кажам дека е тотално неразумен, тотално неразумен и ваков каков што е дополнително ги загрозува позициите на Македонија во рамките на напредокот кон полноправно  членството во ЕУ. И баш би сакал сега да го слушнам оправдувањето од владата во кој дел од заклучоците од Советот на Европа, во кој дел на преговарачката рамка, и во кој дел на протоколот овој текст на овие уставни измени е содржан“ нагласи Мицкоски.