Одржан концерт посветен на флејтистот Илија Зимбо

Сподели

 

Концерт посветен на прерано починатиот уметник, флејтистот Илија Зимбо се одржа вчера во црквата „Света Софија“ како дел од  музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.

Настапи „Пијано Трио“ составено од тројца етаблирани музичари Татијана Петрушевска – Караскаковска – прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски – прв  фаготист во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ и Петар Макариевски – пијано, уметнички соработник при ФДУ.

Ова трио ги здружи своите сили во 2014 година  и својот прв настап го имаше на концертот и промоцијата на ЦД  во чест на флејтистот Илија Зимбо во Скопје. Следуваа концерти во скоро сите градови во Македонија, како и во Нови Сад во годината кога овој град беше Европска престолнина на културата.

Илија Зимбо беше истакнат македонски солист, камерен музичар и прв флејтист во оркестарот на Националната опера и балет. Остави богата концертна биографија и бројни награди на престижни натпревари ширум светот.