Аргентинскиот фудбалер и член на Интер, Лаутаро Мартинез добил неверојатна понуда од неименуван клуб од Саудиска Арабија во висина од неверојатни 240 милиони евра!
Станува збор за четиригодишен договор со кој би заработил 60 милиони евра по сезона, доколку реши да ја прифати понудата. Секако, тука е и прашањето за неговиот сегашен клуб Интер, кој би добил одредена сума на обештетување.
Информацијата за понудата ја пренесе аргентинскиот новинар Цезар Луис Мерло, но исто така нагласи дека:
„Лаутаро се уште не дал зелено светло и дека преговорите со италијанскиот тим се уште не се започнати“.
Затоа, само во случај Аргентинецот да се согласи, тимот од Арабија ќе тргне во офанзива.
Сега има јасен избор, дали ќе одлучи да ги прифати парите што нема да му ги понуди ниту еден европски клуб, нли ќе остане во Интер и со тимот ќе учествува во Лигата на шампионите?
Многумина ги избраа парите, како Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Канте…
The post Саудијците не застануваат со лудилото – Интер во проблеми, Лаутаро доби понуда која не се одбива! first appeared on .
Powered by WPeMatico