Новак Џоковиќ се труди да го искористи секој слободен момент со семејството, а по завршувањето на Вимблдон си даде мала пауза за одмор и уживање со најблиските.
По краткиот престој во Црна Гора, најдобриот тенисер досега со својата луксузна јахта заплови во Дубровник, каде што поминува квалитетно време со семејството.
Новак е фотографиран како ужива во разни лудории на вода со сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара.
Тој полуде во морските игри, а може да се види и како ја турна сопругата во вода, додека децата не можеа да ја тргнат насмевката од нивните лица, со оглед на тоа дека многу се забавуваа.
Новак ќе има десет дена за одмор, пред да ги започне подготовките за американската турнеја, а во Синсинати го очекува првиот турнир кој започнува на 13 август.
Секако, врв на турнејата ќе биде УС Опен, кој започнува на 28 август, каде Џоковиќ повторно ќе има можност да ја освои својата 24. Грен слем титула.
The post (ФОТО) Ваков Новак досега не сте виделе – Тој е поголемо дете од Стефан и Тара заедно! first appeared on .
Powered by WPeMatico