По неодамнешниот успешен настап во галеријата „Амадлози” на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами во Флорида, со изложбата „Предци”, македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин ќе се претстави во Букурешт.
Во еминентната галерија „Константин Бранкуши”, сместена во Центарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент, нашиот уметник ќе се претстави со нова поставка на изложбата „Табула Раса”, на површина од блиску 600 квадратни метри. На два мониторa во галеријата, посетителите ќе можат да ги проследат документатните филмови на Урдин, „Планетариум” и „Табула Раса”.
Куратор на изложбата е историчарката на уметност Марика Теохаревска, а комесар на проектот е историчарот на уметност Јане Теохаревски.
Изложбата, која ќе биде отворена на 2 Август, и ќе трае до 31 август, финансиски е поддржана од Министерството за култура.