Во текот на вчерашниот ден спроведена е засилена акциска контрола на територијата на РС Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 189 возачи.
Од нив, 115 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 41 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.