Свечено одбележан патрониот празник на општина Илинден “Илинден 2-ри Август“

Сподели

 

Со пригодна свеченост и настап на музички гости беше одбележан патрониот празник на Општина Илинден  „Илинден 2-ри Август” и националниот празник на македонскиот народ.

На централната манифестација која се одржа во комплексот на Домот на култура “Илинден” пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој во своето поздравно обраќање им го честита празникот на сите жители од општина Илинден. Градоначалникот  воедно изрази голема благодарност до граѓаните, претставниците на бизнис секторот, општинската администрација, Советот на општината, образовно-воспитните институции, комунални претпријатија, невладини организации и здруженија за досегашната поддршка во реализација на многу значајни проекти во Општината.

– Вашата поддршка ни дава поттик да продолжиме да се развиваме и понатаму  со уште посилно темпо да создаваме услови за подобар живот на целата наша заедница, како и да создаваме нова подобра иднина за новите генерации кои доаѓаат, изјави градоначалникот Георгиевски.

 

 

На настанот присуствуваа голем број граѓани од општината и пошироко кои уживаа слушајќи ги познатите хитови на Миле Кузмановски и ДНК како и преубавиот настап на КУД „Гоце Маркоски“.

 

 

Во рамки на одбележувањето на патрониот празник беше и отворањето на ликовната изложба на околу 40-тина прекрасни уметнички дела, резби и скулптури кои се направени од 10-тина уметници од општина Илинден: Блаже Донев, Зоран Трпевски, Славе Кочовски, Тамара Ѓуровска, Виолета Арсовска, Бобан Стевковски, Снежана Колевска, Аце Гоѓиевски, Марјан Ристовски и Ненад Божиновски.

Годинава настанот беше од хуманитарен карактер, пришто беше поставена кутија за донации, со цел да му се помогне во животната борба на малиот Алексеј кој боледува од ретка болест.