Промоција на „ЕДИНСТВЕН МАТИЧЕН БРОЈ“ од Лидија Димковска

Сподели
 
Во четврток, на 17 август, во кафе-бар „Филхармонија“, со почеток од 19:30 часот, ќе се одржи промоција на новиот, четврти роман од Лидија Димковска, „Единствен матичен број“.
 
Уште еден во низата романи на Димковска во потрага по идентитетот и домот.
 
Сите заедно да влеземе во оваа освестувачка приказна за нашиот свет што заборавивме да го сакаме.
 
Воведот кон неа ќе ни го овозможат Виолета Танчева-Златева и Гоце Смилевски, обајцата истакнати дејци во современата македонска литература, кои во оваа книжевна епизода се појавуваат како промотори.