Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија“ во Крива Паланка

Сподели

 

Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски и филмска поезија од Дејан Трајкоски, денеска од 19 часот во Европската куќа во Крива Паланка ќе биде изведен проектот  „Реобмислување – филм, музика и поезија“.

Како што најавуваат организаторите, станува збор за интердисциплинарен проект во развој: фузија на поезија, филм и музика.

– Идејата е да се реобмисли уметничко дело и да се создаве ново, во поинаква форма од оригиналното. Се работи за песни инспирирани од сцени од повеќе филмови. Поезијата од Трајкоски ќе биде изведувана од Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, инспирирана од оригиналните филмски композиции – стои во најавата.

Проектот е поддржан од Европска Унија, а го организира „Метрика култура“.