Се вдоми прекрасниот Томи во В.Британија

Сподели

 

Томи – контролор на корпи за отпадоци, квалитет на доручеци и офис менаџер во ЈП Лајка, а сега среќно вдомен во Велика Британија и ни испрати фотографии од неговите нови авантури.
 
 
 
 
Томи и неговото братче беа оставени на улица како мали бебиња, а нашиот колега Александар ги згрижи и ги чуваше се додека не навршија 7 месечна возраст. Неговото братче имаше среќа да се вдоми брзо, а Томи остана со нас долго време, па така и стана наш миленик.
 
Томи секојдневно не смееше и ни го правеше денот поубав, немаше столче каде што тој не седеше и на сите состаноци беше најгласен со неговото крчење. Секој што доаѓаше во Лајка веднаш се заљубуваше во него, едноставно пленеше со неговите очи и интересен карактер. 
 
Томи го испративме со многу солзи, иако се уште зборуваме како ни фали ние сме пресреќни што сега има свој дом и фамилија, кои премногу го сакаат.
 
 
 
 
Ти ја посакуваме целата среќа на овој свет Томи, ти посакуваме долг и среќен живот со својата фамилија, а ние ќе чекаме нови фотогарфии од твоите авантури.
 
Те сака, целиот тим на ЈП Лајка.