За првпат е набавен лекот за децата со ретката болест Ахондроплазија

Сподели

 

Првпат со јавна набавка за обезбедување на лекови за ретки болести за 2023 година, набавен е лек за пациентите со ретка болест Ахондроплазија.
 
Лекот Vosoritide е испорачан на Универзитетската клиника за детски болести, а за негова набавка се обезбедени дополнителни 50 милиони денари во буџетот на Програмата за лекување на лица со ретки болести.
 
Три храбри дечиња со ретка болест го добија потребниот лек кој ќе влијае на подобрување на нивниот квалитет на живот, информираат од Министерство за здравство.