Украинската амбасада го одбележува Денот на Независноста на Украина

Сподели

 

24 август, Денот на независноста на Украина, денеска беше одбележан и во Скопје. По тој повод амбасадата на Украина и здружението на украинците „Лесја Украинка“, организираа симболичен марш од споменикот „Тарас Шевченко“ во парк „Жена Борец“ до „Алеја на Украина“. 

 

 

На настанот, свои обраќања имаа Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, и Претседателот на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ Олександр Урбанович.

По повод Денот на независноста на Украина беше поставена и изложба со цртежи од украински деца насловена „Децата на војната“.
 

Во Киев се одржува парада со уништени руски тенкови и друга воена опрема, а обраќање имаше претседателот Володимир Зеленски.

 

 

„Денеска ја прославуваме 32-годишнина од нашата независност. Ова е вредност за сите нас. И за ова се бориме. И секој е важен во оваа борба, бидејќи ова е борба за нешто што им е важно на сите. Независна Украина“, кажа Зеленски.

 

 
 
Симболично одбележување на Денот на украинското знаме со поставување на знаме на зградата на Министерството за надворешни работи е потврда за нашата силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и борбата на украинскиот народ за слобода, заштита на човековите права и демократските вредности.
 
 
 
 
И украинската амбасада во Скопје го одбележа 23 август-Денот на државното знаме на Украина-симбол на идентитет и борбата за Независност. Им благодарам на нашите македонски пријатели за помошта и поддршката на Украина во нашата борба против државата-терорист, изјави амбасадорката Лариса Дир.