Денеска жапчето BOOKY го развесели денот на верните другарчиња од Детско село. Дечињата добија донација во дневници, споменари, училиштен прибор, и низ игра и смеа се запознаа со супер модерниот дневник BOOKY, нов Македонски бренд.
Креаторите на BOOKY истакнаа дека за Детско село, за потребите на дечињата ќе издвојуваат по 15% од продажбата на овој иновативен дневник, кој првачињата ќе го пополнуваат низ многу забава, цртежи, заеднички игри, а ќе го чуваат како драг спомен.
BOOKY се роди како замисла поттикната од умови кои бескрајно ги сакаат своите, но и сите дечиња на овој свет.
„Силно веруваме дека низ смеа, песна и игра, се создаваат луѓе кои што во иднина овој наш убав свет ќе го направат волшебно место за живеење“, велат создавачите на BOOKY – дневникот на првачето.
Целта е велат, сите заедно, да донесеме љубов и радост за нашите сакани дечиња и да ги учиме дека заедно сме секогаш посилни!