Изградба на затворен пливачки базен и спортската сала „Партизан“

Сподели

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска изврши увид во отпочнување на градежни активности за изградба на затворен пливачки базен, кој се гради веднаш до салата „Наум Наумовски-Борче“ или попозната како „Партизан“ во Општина Карпош.

“Со почетокот на изградбата на затворениот пливачки базен којшто го означуваме денеска и реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ се гради целосен спортски комплекс во функција на младите, спортистите и рекреативците. Се работи за базен со големина 33×40 метри и длабочина до 1,4 метри, комплетно затворен базен кој ќе биде поврзан со топла врска со спортската сала и која инвестиција е финансирана од Владата преку Агенцијата за млади и спорт во износ од 760 илјади евра.

 


 
Веќе привршуваат работите на комплетната реконструкција на салата „Партизан“ кои треба да завршат некаде до средината на октомври што значи дека за 1 месец од денес ќе имаме пуштање на оваа сала и да видиме повторно младите карпошани и повозрасните да се занимаваат со своите омилени спортови. Тука ќе биде место каде што ќе можат да се сместат голем број на спортски клубови кои функционираат во Карпош, од кошаркарските клубови, ракометните клубови, одбојкарски, карате клубови итн.  

 

 

Оваа Сала е донација на Франција после земјотресот во Скопје од 1963 година и денес карпошани ќе добијат комплетно нова, реконструирана сала и комплетно нов затворен базен“.