Садик Кан: „Никој не треба да им кажува на жените што не смеат да облечат”

Сподели

Кан во интервјуто за британскиот весник “Evening Standard” изјави дека „никој не треба да им кажува на жените што смеат, а што не смеат да облечат”

thumbs_b_c_e4695fa5f826607ef48d135480428b11

ЛОНДОН (АА) – Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, ја осуди забраната за носење на буркини во неколку градови во Франција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Кан во интервјуто за британскиот весник “Evening Standard” изјави дека „никој не треба да им кажува на жените што смеат, а што не смеат да облечат”.

„Никој не треба да им го кажува тоа, тоа треба да се спречи, тоа е едноставно така”, нагласи Кан во пресрет на неговата службена посета на Франција.

Тој додаде дека една од позитивните страни на Лондон е токму тоа што, како што рече, „ги толерира разликите, ги почитува, прифаќа и слави”.

Забраната за носење буркини е на сила во француските градови Ница, Кан и Сиско.

Највисокиот управен суд во Франција, Државниот совет, денес ќе го испита барањето на француската Лига за човекови права, да се укине забраната која ги стигматизира муслиманите.

Инаку, Франција е дом на речиси пет милиони муслимани.