НАМИРНИЦИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ

Сподели

ovosje-koktel-let-06

 

Црниот дроб е втор по големина орган во човековото тело. Благодарение на работата на црниот дроб, се извршуваат голем број функции вклучувајќи: нормално одвивање на метаболните процеси, одбрана на организмот, детоксикација на крвта, складирање на материи, елиминирање на токсините од телото итн.

Со оглед на тоа што црниот дроб извршува голем број функции кои се од витално значење за човековиот организам, неопходно е да се сочува неговото здравје. Правилната исхрана може да ја подобри работата на црниот дроб и да овозможи непречено одвивање на биохемиските процеси.

Дознајте кои намирници се „чувари“ на здравјето на црниот дроб.

ЦВЕКЛО

Цвеклото е богато со флавоноиди и бета-каротен, состојки кои ја подобруваат функцијата и го промовираат здравјето на црниот дроб. Дополнително, цвеклото помага во прочистување на крвта и елиминација на токсините од организмот.

Се советува секојдневно консумирање на цвекло, најдобро свежо во салата или како свежо исцеден сок.

цвекло-640x415

БРОКУЛИ

Поради изобилството на антиоксиданси, витамини и фолна киселина, брокулите се одлични за детоксикација не само на црниот дроб, туку и на целиот организам. Дополнително, овој зеленчук содржи изотиоцијанат, супстанција која помага при ослободувањето од канцерогените материи во организмот.

Се советува брокулата да се консумира секојдневно, свежа или приготвена на пареа.

brokula-2-411c5b0b

ЛУК

Лукот е богат со сулфур, алицин и селен, состојки кои му помагаат на црниот дроб во елиминацијата на штетни материи од организмот.

Селенот помага во природната детоксикација, алицинот се бори против штетните агенси, а сулфурот ја подобрува работата на ензимите. Затоа, се препорачува редовно консумирање на лук.

cesnjak-442015

ЦИТРУСНО ОВОШЈЕ

Цитрусните овошја се богати со витамин Ц и антиоксиданси, кои помагаат за природна детоксикација на црниот дроб. Состојките кои се наоѓаат во лимонот, портокалот, цитронот и другите цитрусни плодови, овозможуваат елиминација на токсичните материи, така што му помагаат на црниот дроб токсините да ги трансформира во материи кои се растворливи вовода.

Затоа, секојдневно консумирајте цитрусни плодови, сирови или свежо исцедени, особено наутро за максимален ефект.

images

КУРКУМА

Куркумата е одлична за подобрување на функцијата на црниот дроб. Овој зачин, кој со својот топол и горчлив вкус по малку потсетува на ѓумбирот, ја стимулира работата на ензимите во црниот дроб и ги прочистува слободните радикали кои имаат канцероген ефект.

KURKUMA

ЗЕЛКА

Зелката ја има идеалната комбинација на состојки кои ја поттикнуваат работата на ензимите во црниот дроб и целокупно ја подобруваат неговата функција.

Во секојдневното мени може да вклучите каков било тип на зелка: зелена, црвена, кинеска, прокељ итн. Најдобро е да се консумира свежа.

zelka (1)

ОРЕВИ

Омега-3 масните киселини и амино киселините го прочистуваат црниот дроб и ја подобруваат неговата функција. Овие состојки во изобилство се наоѓаат во оревите, па затоа не заборавајте да ги вклучите во вашето секојдневно мени.

orevi-benefiti-sedum-dnevno-01

ЈАБОЛКА

Јаболкото е едно од најдобрите овошја за детоксикација на организмот. Со помош на состојките кои ги содржи јаболкото, особено со пектинот, црниот дроб одлично се справува со токсините кои треба да се елиминираат од телото.

Дополнително, јаболкото содржи јаболкова киселина која исто така помага при отстранување на токсините и канцерогените материи од крвта.

Може да консумирате каков било вид на јаболка, најдобро свежи во овошна салата или како свежо цеден сок.

jabolka1