Јом Кипур – Духовен мир на граѓаните од Еврејската заедница

Сподели

 

Во чест на денешниот свет еврејски празник – Јом Кипур, Владата упати честитка со која посакува радост и духовен мир на граѓаните од Еврејската заедница!
 
“Преку разбирањето, помирувањето и обединувањето на што упатува овој празник, да продолжиме со развојот на Република Северна Македонија како заеднички дом на сите.
 
Нашата држава има вековна традиција на соживот и меѓусебно почитување и оваа наша културна уникатност денес е пример и потреба и во европското семејство каде целиме.”