Ахмети: Убиството на полицаецот во Косово е сериозна провокација

Сподели

 

Али Ахмети на својот официјален ФБ профил го осуди нападот во Косово.

 

 

-“Најостро го осудувам нападот врз косовската полиција и убиството на полицаецот, како и ранувањето на други лица на северот на Косово. Оваа сериозна провокација е намерна со однапред одредена агенда, па затоа треба да се управува со ладнокрвност и мудрост бидејќи последиците може да бидат регионални, односно да се одразат врз мирот и стабилноста во регионот. Овие случувања се неприфатливи и координацијата и соработката со меѓународната заедница, гарантирајќи го мирот и независноста на Косово, е неопходна и итна. Потребна е итна акција за гаснење на убиствениот пожар. Изразувам искрено сочувство до семејството на жртвата и брзо закрепнување на повредените”, напиша Ахмети.