“Државниот архив ја продолжува својата зацртана активност за популаризирање на историјата и архивистиката. Покрај отворените денови на Државниот архив и организираните посети на средношколци и предавањата што ги реализираат вработени во одделни средни училишта ширум земјава, Државниот архив потпишува и меморандуми и договори за соработка со повеќе институции, организации и училишта” – изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, по денешното потпишување Меморандум за соработка со едно велешко училиште.
Имено, во Во Државниот архив – одделение Велес, денеска е потпишан Меморандум за соработка со ОСУ “Јовче Тесличков” – Велес, за учење и обука преку работа во овој Архив на ученици од економско-правната насока. Практичната обука ќе се спроведува во период од октомври годинава до мај 2024 година.
Меморандумот го потпишаа директорот на ОСУ “Јовче Тесличков” – Велес, Васко Трајковски и в.д. раководителот на Државниот архив – одделение Велес, м-р Наумче Ризовски.