Во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Загреб денеска, 27 септември, во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Сакам,…“ на уметницата Анита Огњановска.
Во рамките на изложбата ќе бидат претставени 30-ина неизложувани дела со среден и голем галериски формат, работени во изминатите две години во техниките масло на платно, акрил на платно и комбинирана техника.
Станува збор за дела со богат колорит и текстура кои ги истражуваат темите на љубовта, желбата, копнежот, личната слобода и израз.