СДСМ: Цената на струјата не се покачува, од декември се враќа дневната евтина тарифа

Сподели

 

Граѓаните можат да бидат спокојни во однос на снадбувањето со електричната енергија и за цената на струјата. Се создават услови цената на електричната енергија да не се покачува, од 1 декември се враќа и дневната евтина тарифа, изјави членот на ЦО на СДСМ, Дарио Николовски.

Николовски додаде дека сите политики, мерки и чекори, што се преземаат, овозможуваат услови за сериозни иневстиции во зелената енергија, кои се од огормно значење за нашата држава и за граѓаните.

Николовски од големите инвестиции во енергетиката ги издвои изградбата на хидроцентралата Чебрен, во вредност од над милијарда евра, со капацитет од 333 мегават часови и ветерниот парк Вирови со капацитет од 400 мегавати.

Инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори, се доказ дека државата ја реализира енергетската транзиција, да ја оствари својата цел, а тоа е да биде предводник во зелената енергија во регионот и во Европа, порача членот на ЦО на СДСМ Дарио Николовски, во разговор за македонската телевизија.