Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 221 возач.
Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.