Стенд ап комичарот Александар Георгиевски настапува во Скопје

Сподели

 

Комичарот Александар Георгиевски или “G Vision” како што го знаат фановите, изминатиот период ја освои публиката со своите настапи во живо но, и со видеата на неговиот профил на Инстаграм и Тик Ток, каде некои  од нив достигнаа и над 100 илјади прегледи.

Тој освен во неговата родна Битола настапува и во другите градови низ Македонија, а денес, четврток 5-ти октомври ќе биде гостин во “Dust Caffe” во Скопско Драчево.

 

 

Александар и утре 6-ти октомври ќе ја засмејува скопската публика, во локалот “Љубовна Куќичка”  во населбата Аеродром. Овој стенд ап комичар летово имаше  настапи низ целата наша земја, а беше гостин и во Скопје, каде направи одлична забава во “L’Atelier Caffe Bar”.

Хуморот и сатирата се негова пасија и секојдневие уште од детството, па така неговото секојденвие не може да функционира без доза на хумор.
Александар има 20 години и е студент на Правниот Факултет. 
 
Александар Георгиевски ве кани на добра забава и смеа.