На „Интерфест“ концерт на Андреја Турини – Италија

Сподели

 

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ продолжува со целовечерен концерт што ќе го приреди италијанскиот пијанист Андреја Турини.

Пред публиката во Офицерскиот дом во Битола, Турини ќе исполни дела од Јохан Себастијан Бах.

Според програмата на Фестивалот, претстои богат викенд (петок, сабота и недела) со концерти на уметници од Хрватска, Португалија, Ирска, Италија и од Шпанија.

Во рамките на дополнителната програма ќе се одржи поетска вечер „100 години Ацо Шопов“.