Соработката на Сојузот на Стопански Комори на Македонија и Кинескиот национален истражувачки институт за храна и ферментирачки индустрии (China national Research Institute of Food and fermentation industries) е надградена со посета на бизнис делегација од ССК на повеќе индустриски градови во Народна Република Кина. Делегацијата е составена од: г-ѓа Загорка Блажевска-директор и сопственик на Вита Нова, фирма за суровини за прехрана, фармација и козметика, член на Управен одбор на Сојуз на Стопански Комори, г-дин Јани Богевски-сопственик на винарија Бовин, г-ѓа Дина Дервенџи Стојкоски-менаџер на ресторан и хoтел Камник, г-дин Игно Јанчев-менаџер за продажба и извоз на винарија Венец.
Кинески национален истражувачки институт за храна и ферментирачки индустрии е најважен истражувачки орган на системот за стандардизација во Н.Р.Кина, и е мост помеѓу центрите на производство и примена на науката, со цел заокружување на научниот синџир и стекнување национална доверба во производите и услугите.
Во склоп на Инситутот постојат 4 истражувачки институти, 15 истражувачки групи, 2 виртуелни истражувачки групи и повеќе од 110 специјализирани лаборатории во стандардниот истражувачки институт, обезбедувајќи ја потребната позадина за истражување. Инсититутот има соработка со Националната организација за стандарди, под Секретаријатот на релевантните комитети на Меѓународната организација за стандардизација (ISO), Меѓународната електротехничка комисија (IEC), Комисијата за кодексот за храна (CODEX) и Меѓународната организација за правна метрологија (OIML).
ССК заедно со бизнис секторот интензивно работи на полето на стандардизација за да се подобри квалитетот и да се задоволат потребите на општеството во областите безбедноста на храната и животната средина, дополнително делува на достапност на технолошки консултации до индустриите и поддржува инклузивен раст преку иновации. Главен акцент е да компаниите да имаат можност на искористување на научниот потенцијал на универзитетите, истражувачките центри, индустриите и другите даватели на услуги, со цел решавање на клучните и приоритетни предизвици во бизнис секторот .
,,Нашата мисија е да бидеме глобален тим од креативни професионалци, кои со следење на новите трендови, со своите идеи ќе доставуваат нови начини за подобрување на производите и процесите на производство на нашите клиенти,, изјави г-ѓа Загорка Блажевска од Вита Нова, дел од тимот на бизнис посетата ССК во НР Кина.