Османи и Касами го осудија нападот врз болницата во Газа

Сподели

 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека нападот врз болницата во Газа е „нехуман чин на терор“. 

Тој на својот официјален ФБ профил напиша:

 

 
“Нападот врз болница и училиште во #Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување.
 
Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена.
 
Сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат.”

 

И лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, бара меѓународна истрага.

 

 

“Злосторство е нападот врз болница во Газа од страна на државата Израел, во кој загинаа над 500 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица. Изразуваме осуда и бараме итно меѓународна истрага бидејќи станува збор за чист геноцид!“, напиша Касами на социјалните мрежи.